October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Тито ова нешто го сакал најмногу од сè иако докторите му забраниле да го практикува – друштво му правеле најмоќните луѓе на светот

Претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, бил ловџија и своето слободно време често го поминувал на ловиштата ширум Југославија.

Омилени ловишта на поранешниот југословенски лидер биле Бриони, Караѓорѓе и Јелен.

Тито почнал да лови непосредно по војната и тоа му останало како страст до крајот на животот. Кога докторите на почетокот на 70-те му предложиле воведување на строга терапија поради лошото здравје, тој прифатил но под услов да може да продолжи да лови.

Останало запамтено дека многубројни светски луѓе оделе на лов со Броз, па така некогашниот лидер на Германија, Ерих Хонекер му правел друштво на Тито во ловиштето „Јелен“ и таму поминале многу перипетии заедно, а воедно убиле и еден елен и вепар.
За ловот со Чаушенко поврзана е една бизарна епизода: Тој и Тито во дивите свињи пукале истовремено, па не можеле да се договорат кој е главниот “убиец“. Потоа ги барале дупките од своите ловџиски пушки. Бидејќи Чаушенко на дивите свињи не можел да најде трага од своето оружје, југословенскиот колега ја подигнал опашката од убиената дива свиња и рекол: „Еве, тука има една дупка“.

%d bloggers like this: