August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Уште една Македонка на чиј талент се гордееме: Лина Пејовска со заедничкиот настап со Петар Грашо влезе во супер финале на „Ѕвезди –летен хит“

Музичките талент шоуа во регионот се пред самиот крај, осносно финалето од кое ќе бидат прогласени победниците.

Едно од таквите популарни шоуа каде имаме наша кандидатка, е и хрватското талент шоу „Ѕвезди – летен хит“. Станува збор за младата, талентирана и надежна ѕвезда Лина Пејовска која успеа да се пласира во супер финале.

Како и претходните одлични претставувања, таа и овој пат блирилираше на сцената на заеднички настап со популарниот пејач Петар Грашо. Тие заедно ја изведоа песната „ I don’t want to talk about it“ , а видеото од настапот Лина гордо го објави на својот Инстаграм профил и напиша:

Никогаш во животот не би помислила дека еден ден сцената ќе ја делам со еден од најдобрите и највпечатливите вокали на Балканот. Ова е доказ дека ако не се откажуваш од целта што си ја замислил и ако даваш се од себе, ќе ти се врати дупло и ќе им докажеш на сите што не ве верувале во тебе!

%d bloggers like this: