November 22, 2019

Булевар

На вистинското место

Утре се празнуваат светите маченичkи Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Православните верници утре, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ.

На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рим во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и уб*ле една по една.

По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

%d bloggers like this: