October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Им ги намалил платите, па сите вработени му дале отказ во исто време

Соственикот на „Гастропаб“ бил принуден да ги затвори своите врати откако сите 26 работници дале отказ во исто време поради одмазда предизвикана од долготрајни конфликти со него.

Овој договор меѓу работниците се случил овој месец кога целата екипа во „Д Шоп“ во Трој во американската сојузна држава Њујорк дала отказно писмо на сопственикот Кевин Блодгети.

Според њујоршкиот весник „Тајмс Јунион“, вработените на поранешниот шеф со креда на табла му оставиле порака дека треба да биде подобар.

Конфликтот настанал поради неколку причини, пред сè поради платата. Друштвото за исплата на плати нагло престанало да работи, па банката со која соработувале автоматски ги повлекла исплатите кои веќе биле уплатени на сметка на вработените.

Според „Тајмс Јунион“ фијаското некои работници ги оставило со “минимално или негативно салдо“ што предизвикало неволји.

Менаџерот Џаред Бартон веднаш после тоа реагирал и изјавил: „Навистина повторно ни покажа дека не е сподобен да работи со неколку луѓе“ – изјавил Бартон за весниците.

Мотото на ресторанот било “работете напорно и останете скромни“ – иако некои од работниците изјавиле дека шефот многу ретко се појавувал на работа во ресторанот, а живеел во стан над него.

Ситуацијата ескалирала кога неколку од вработените откриле дека платите им биле намалени и почнале да бараат нова работа. Освен тоа, и на другите вработени им ги кажале своите планови, а последниот конфликт околу платите бил клучен за работниците да дадат отказ.

Гледав како неговото однесување се деградира до точка во која едноставно не беше присутен на работа, а кога беше, беше насилен, особено кон Џареди и Рич – изјавил поранешниот службеник Џош Џејмс.

%d bloggers like this: