December 7, 2019

Булевар

На вистинското место

Вакви херои ни се потребни : „Ташната ја вративме на жената во колата, мило ни е што успешно заврши се “

По вчерашниот ден каде што имаше еден невкусен настан на Рузвелтова кога човек се обидел насилно да украде ташна од жена во кола, но во близина се нашле хумани луѓе кои го спречиле истиот. Дојдовме до контакт на жената која го доживела овој немил настан и ни ја препрати истата порака но замоли за анонимност па така ние за вас ќе ви приложиме дел од разговорот. Дефинитивно се работи за прекрасни луѓе од двете страни потребни ни се вакви луѓе, херои.

Драги Луѓе

Благодарам на Вашата помош без која немаше да ја искажаме благодарноста на човекот, кој несебично помогна. Ве молам синџирот на хумани дела да го продолжиме. Добив порака од сопругата на човекот со бесконечна хуманост. На нејзино барање, заради зачувување на анонимноста ви ја проследувам пораката која ми ја испрати и воедно дозволи да ја споделам со сите вас :

……

„Вчера околу 17:45 сопругот со синот ме зимаат од работа и беа прилично возбудени и лути за тоа каков народ има. Гледам човек како стои и кисне на пешачки и го жалам. По некоја секунда тргна да поминува и го снема во следниот момент имаше ташна во рака и помислив дека е украдена. Веднаш излегов а по мене и син ми да ми помогне. Човекот за наша среќа се лизна и падна, се исплаши и ја фрли ташната и точакот. Ташната ја вративме на жената во колата, која беше видно вознемирена ни се заблагодари и дури не ни успеа да не праша што да не почасти бидејќи нејзиниот живот бил во ташната. И рековме дека нема потреба, мило ни е што успешно заврши. Во текот на попладнето и вечерта на неколку пати ми кажаа дека се чувствуваат среќно и исполнето што направиле убаво дело.

Те подржуваме од срце, ти благодариме .
Те молам да останеме анономни „

…….

%d bloggers like this: