December 15, 2019

Булевар

На вистинското место

Велат „секогаш муштеријата е во право“, но се чини дека ова не важи

Господине извинете, но мора да се заминете, веќе е 24 часот. Светлата се изгаснаа, а гостите продолжија со дискусијата и муабетот во темница. Официјалното работно време на угостителските објекти во летниот период е до 1 часот по полноќ во летниот период, но дел од рестораните во Скопје затвораат порано. Скратеното работно време е истакнато на место кое не е видливо и најчесто гостите се затекнати кога ќе им кажат дека мора да заминат.

Велат „секогаш муштеријата е во право“, но се чини дека ова не важи за голем дел од угостителските локали во градот. Скопјанец раскажува за негативното искуство кое го имал во рибен ресторан кој се наоѓа во една од скопските населби во близина на реката Вардар.

„Често одам во овој ресторан, услугата е просечна, а цените се прилично солени. Негативно бев изненаден кога при последната посета, буквално дрско бев избркан, како да сум дома на гости кај келнерот или сопствениците, а не во угостителски објект кој заработува од услугата што ќе ми ја пружи. Негативно искуство е причина поради речиси сигурно нема повторно да го посетам објектот“, вели тој.

Однесувањето на персоналот во угостителските објекти е честа тема на дискусија и муабет низ скопските кулуари. Гостите се жалат дека не ја добиваат услугата која ја плаќаат, сопствениците велат дека Македонија кубури со искусен и квалитетен персонал.

„Келнерот без да не праша дали сме завршиле со вечера го изгаси светлото. На масата имаше храна, а и риба која е ризична да ја јадеш во темна просторија„, вели тој.

Услугата стагнира, а цените во угостителските објекти постојано се во пораст. Скопјани плаќаат морски цени во ресторани кои мирисаат на тињата од Вардар.

„За риба или за морска салата во Скопје ќе потрошиш повеќе пари од Халкидики или Барселона. Кога веќе цените ги дигнале до плафон треба да се потрудат и да понудат соодветна услуга“, додава тој.

Законот угостителска дејност превдвидува дека угостителот самостојно го определува работното време на угостителскиот објект според своите деловни интереси, карактеристиките на подрачјето во кое се врши угостителска дејност и потребите на корисниците на услугите. Работното време угостителот е должен да го истакне на видно место, односно на влезот на објектот. После определувањето на работното време угостителот е должен да се придржува кон истото, во спротивно се предвидени високи казни и привремено затворање на објектот.

Извор: Скопјеинфо

%d bloggers like this: