January 21, 2020

Булевар

На вистинското место

Велешка фирма на вработените им испатила 100 ДЕНАРИ за К-15!

Наместо минималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор, некои вработени примаат симболични суми. Некои и ништо. Па така на пример, една фабрика во Велес исплатила сто денари. За ова реагираат од невлaдиното здружение „Гласен Текстилец“- Штип.

– Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари – изјави Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“- Штип, на вчерашната прес конференција, а пренесоа медиумите во земјава. Таа не соопштила за која фабрика станува збор, ниту со каква дејност се занимава.

Вработените кои не го добиле популарниот К-15 или добиле помалку од загарантираните 10.100 илјади денари, можат да се пожалат на телефонскиот број 15131 којшто е ставен во функција од Министерството за труд и социјална политика и Трудовиот инспекторат, јавува Тирековмирече.ком.

Во ноември 2019 година, партијата Левица поднесе пријава до Државниот инспекторат за труд против велешката конфекција „Стоби“, откако неколку работници алармирале дека 250 работници остануваат на улица без отпремнина, без здравствено осигурување и сите права кои законски им следуваат.

„Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен. За конечно, во период од 40 дена да бидат избркани 250 работници, со тоа што при бркањето им било кажано дека добиваат бланко лист кој има намена за обнова на договорот, а добиле спогодбени договори за отказ.

Дел од работниците кои сакале да ги остварат своите законски права дури добиле и директни закани од газдата дека доколку некој се осмели да го тужи, ќе заврши лошо – затоа што се работи за локален моќник заштитен од сите досегашни власти! За ваквото насилничко однесување и тортура врз работниците ниту една институција нема преземено мерки, додека работниците кои се осмелиле да пријават до инспекторат подоцна биле изложени на дополнителни закани од газдата на конфекцијата!- се вели во соопштението на Левица на ФБ.

%d bloggers like this: