fbpx
Разбојник влегол во куќа во Лисиче и под закана со нож земал 600 денари

Разбојник влегол во куќа во Лисиче и под закана со нож земал 600 денари

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против лице на возраст од 29 години, кое се товари за кривично дело разбојништво.

Обвинетиот на 16 ноември минатата година влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку незаклучена врата. Внатре затекнал жена на која ѝ се заканил со нож и со зборовите „дај пари или ќе те убијам“. Оштетената успеала да му ја оттргне капата со која му била покриена главата и да го види неговиот лик, по што обвинетиот го вперил сечивото од ножот кон нејзината слепоочница, а со дланката ѝ ја покрил устата за да не може да повика помош.

Нападнатата му покажала на паричникот на масата, по што тој ѝ наредил да ги извади сите пари од паричникот, вкупно 600 денари во различни апоени.

Откако ги одзел парите, обвинетиот повторно ѝ се заканил да не повикува помош и се дал во бегство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за 29-годишникот.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: