fbpx
Од денеска забрана за движење од 16 часот до 5 утрото

Од денеска забрана за движење од 16 часот до 5 утрото

Цели тринаесет часа граѓаните денеска ќе останат во своите домови. Забраната за движење на целото население викендов почна од 16 часот и ќе трае се до 5 изутрина. Утрото до 11 часот слободно можеа да се движат пензионерите, а младите под осумнаесет години од пладне до 16 часот .Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, вели дека се дискутира на ниво на Влада, да се воведе опција за луѓето кои живеат во станбени згради со миленици, да може да излегуваат на одредено растојание околу објектот и за време на полициски час. Со дозвола за време на полициски час може да се движат работниците, но исклучиво од дома до работното место и назад. Ова ги опфаќа и земјоделците кои имаат неодложни сезонски активности. Сепак, прекршоците не изостануваат. Откако е воведен полицискиот час минатата недела, 502 лица не ја испочитувале забраната за движење. Полицијата привела 199 лица, а поднесени се 123 кривични пријави. Само во последното деноноќие приведени се 37 лица, претежно млади. Нема прекршување на мерката за изолација во изминатите 24 часа, иако илјадници граѓани се во карантин. Освен домашната изолација и самоизолација како мерки против ширење на коронавирусот, македонските државјани кои се враќаат од странство повеќе од 1000 превентивно се сместуваат во државни карантини.

Министерство за внатрешни работи
ПРИВЕДЕНИ – 199
КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ – 123
ИЗОЛАЦИЈА – 1 602
САМОИЗОЛАЦИЈА – 9 025
ДРЖАВЕН КАРАНТИН – 1 082

Денеска требаше да слетаат два авиона со македонски патници од Љубљана и Минхен. И тие ќе одат директно во државни објекти или изнајмени хотели по проценка на Владата. Овие карантини ги обезбедува полицијата со поддршка на армијата. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска најави и дополнителна мерка за избегнување на метежот од луѓе и во полициските оддели за лични документи.

Во понеделник ќе го смениме Правилникот на Министерството за внатрешни работи, во оние ситуации кога е тоа неопходно, личните карти и возачките дозволи, да може да се доставуваат од страна на полициските службеници на домашните адреси. За патничките исправи не постои техничка можност бидејќи мора да се земат повторно со отпечаток од прст – изјави Наќе Чулев – министер за внатрешни работи.

Оценка на министерот Чулев е дека забраните за движење генерално се почитуваат. Сите кои ќе го прекршат полицискиот час ќе се гонат за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Казните се парични и затвор до една година.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: