fbpx
Од утре нема настава во градинките и училиштата 14 дена каpантин

Од утре нема настава во градинките и училиштата 14 дена каpантин

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека по состанокот со Комисијата за заразни мерки, каде биле предложни повеќе мерки за справување со коронавирусот, Владата одлучила да се прекине воспитно-образовниот процес во сите градинки, училишта и факултети.

– Владата усвои да се прекине воспитно образовниот процес во сите градинки, средни и основни училишта на цела земја во наредните 14 дена и да се ослободат вработените од работните обврски во овие институции, вели Филипче.

Тој исто така дополни дека, за еден од родителите на деца до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство кое ќе биде целосно платено и тоа се однесува и за јавниот и за приватниот сектор.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: