fbpx
Планинарите гневни: Подобро е 100 луѓе во маркет или двајца на планина?

Планинарите гневни: Подобро е 100 луѓе во маркет или двајца на планина?

Федерацијата за планинарство на Македонија (ФПСМ) е крајно изненадена и разочарана од вашата избрзана, необмислена и нерационална одлука целосно да се забрани движењето на граѓаните во природа и во шумите кои се национално богатство и им припаѓаат на сите граѓани. Причината која е наведена за донесување на ваквата одлука е крајно нерационална со оглед дека месец април и мај се највлажните месеци во годината, а на повеќето планини се уште има снег“, се вели во официјалното соопштение на ФПСМ.


Инаку во овој период има потпалување на пасиштата што цел век ги спроведуваат овчарите. Има многу диви сечи, за кои само ние пријавуваме како луѓе на “терен“, се што е неправедно кон мајката природа ние гледаме да го поправиме. Забрана за движење во група од максимум 2-ца поради пожар е тотално лош потег на МШ или владата на РМ, која може да стои зад забраната. Подобро е 100 луѓе во маркет или 2-ца на планина? Доколку е поради пожар, тогаш мерката не е воопшто на место, но, доколку има позадина, тогаш ќе мора целокупниот свет кој тренира во надворешни услови да излезе и да им кажеме дека оваа мерка треба да се смени“, посочи Дејан Доневски, претседател и водич од планинарскиот клуб „Ај лов хајкинг груп“  .
Повеќе на https://fokus.mk/planinarite-gnevni-podobro-e-100-luge-vo-market-ili-dvajtsa-na-planina/

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: