fbpx
Полицискиот час се скратува еден час: Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Полицискиот час се скратува еден час: Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Владата денеска на седница донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните.

Како што соопшти премиерот Оливер Спасовски, забраната за движење за сите граѓани од 21 до 6 часот се заменува со ограничување на движењето од 21 до 5 часот поради метежот во јавниот превоз и потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11 до 5 часот следниот ден.

Владата на вечерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: