fbpx
Последни информации за пасошите – Еве кога ќе може да добиете пасош

Последни информации за пасошите – Еве кога ќе може да добиете пасош

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, од Тетово најави дека за најмалку една недела би требало да бидат испорачани пасошите.

„Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите. Од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март“, рече Чулев.

Тој најави дека МВР има план за зголемен број извршители во издавање и изработка на пасошите, а досега има побарувачка за 27 до 28 илјади патни исправи.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: