fbpx
Филмски полициски час: Удриле во ѕид бегајќи од полиција, девојка лежела пијана на улица

Филмски полициски час: Удриле во ѕид бегајќи од полиција, девојка лежела пијана на улица

Полицискиот час од денеска стартува во 16 часот. За некои луѓе и оној досега од 21 до 6 часот беше проблем да се издржи, па полицијата имаше полни раце работа деновиве. На пример 33-годишна битолчанка во алкохолизирана состојба била затекната од страна на полициските службеници како лежи на улицата „Прилепска“ половина час после полноќ на 26 март.

Битолското обвинителство му предложило на судот да и изрече 100 дневни глоби од по 20 евра. Но не само на неа, туку и на уште еден, кој без регистарски таблични возел околу 1 часот по полноќ низ битолските улички.

Но ова не е се. Уште едно филмско сценарио се случило во Радовиш. Бегајќи од контроли за време на полицискиот час двајца радовишани возејќи се забиле во бетонски ѕид, но за среќа без последици. Настанот можел да заврши и трагично, но обајцата се спасиле. И не само тоа, ами продолжиле да бегаат по што полицијата ги пронашла во својот дом во Ораовица. Обвинителството за нив предложило казна од по илјада евра.

Повеќе :

https://skopskoeho.mk/filmski-politsiski-chas-udrile-vo-zid-begajki-od-politsija-devojka-lezhela-pijana-na-ulitsa/

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: