fbpx
Пијана битолчанка на улица го преспала полицискиот час

Пијана битолчанка на улица го преспала полицискиот час

Битолското основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни против две лица кои во овој град не го почитувале полицискиот час, односно забраната за движење од 21 до 5 часот наутро како мерка против ширењето на коронавирусот.

Една од казнетите е битолчанка на возраст од 33 години, која на 26 март во 00:30 часот била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на улицата Прилепска.

Во вториот случај станува збор за 18- годишен тинејџер од Битола, кој исто така на 26 март, во 1:25 часот со автомобил „рено 19“ без регистарски таблички се движел по улицата 8 Септември.

Тие се товарат дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

За секој од двајцата обвинети Основното јавно обвинителство во Битола му предлага на судот да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: