fbpx
Срам да ви е! Почина 66 годишна жена, бидејќи не ја примиле во болница

Срам да ви е! Почина 66 годишна жена, бидејќи не ја примиле во болница


66 годишна жителка на струшкото село Татеши е четвртата жртва на  Ковид 19 во земјава. Кај неа и нејзиниот сопруг коронавирусот бил дијагностициран вчера. Денеска со влошена состојба требало да биде пренесена во Скопје, но за жал починала. Жената и претходно боледувала од срцева и белодробна болест, но откако се појавиле првите симптоми на 24 март веднаш закажала тестирање преку својот матичен лекар.

Материјалот за тестирање бил земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден. Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите, пациентката не е примена на лекување. Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали е направена лекарска грешка.

Од струшката болница информираат дека сопругот се наоѓа во добра состојба без воочливи симптоми, но е позитивен на Ковид 19. Двајцата се заразиле во Дебар непосредно пред прогласувањето на кризната состојба на 13 Март. Биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација. Освен овие двајца пациенти, на Ковид 19 позитивно е уште едно лице од Велешта, повратник од странство.

Целата статија: think.mk
https://think.mk/2020/03/sram-da-vi-e-pizda-vi-mater-pochina-66-godishna-zhena-od-struga-ne-јa-primile-vo-bolnicza-vo-ohrid/

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: