fbpx
Заглавен македонец во Швајцарија открива со што се соочил откако се обидел да тргне кон дома

Заглавен македонец во Швајцарија открива со што се соочил откако се обидел да тргне кон дома

Стотици државјани на Македонија останаа затекнати во разни држави и не можат да се вратат дома. Кризата која настана поради коронавирусот, ги затвори двата аеродрома во Македонија, а не може да се помине ниту преку граничните премини. Авни Биљали во моментов е заглавен во Базел, Швајцарија и сака да се врати во Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И ОВА

„Контактирав со австриската, словенечката, хрватската, српската амбасада. Сите амбасади ми рекоа „да“ дека можам да тргнам како транзит со автомобил, одлучив и тргнав.

Но, веднаш штом пристигнав на излез на Швајцарија, во Сент Гален, на границата со Австрија, Австријците решија да ме вратат назад. Им раскажав за мојот случај дека разговарав со австриската Амбасада, но ми река дека амбасадата може да каже што сака, но дека тие се полицајци и дека тие одлучуваат за границите. Се вратив и во моментов сум во Базел“, вели Авни Биљали.

Авни стапил во контакт и со амбасадата на Македонија во Швајцарија, од каде пак ги зеле неговите и податоците на неговите двајца пријатели, како и на возилото кое е со македонски регистарски таблички.

„Амбасадата ни ги зема податоците, регистрацијата на автомобилот, и ми рекоа дека ќе стапат во контакт со МВР во Македонија и дека ќе нѐ известат, сега чекаме. Ми рекоа дека за 2-3 дена ќе добиеме одговор“, истакна Биљали.

Министерството за надворешни работи ја следи состојбата со македонските граѓани кои се блокирани во странските земји и кои немаат каде да престојуваат.

Вчера, МНР упати апел овие државјани да се пријават во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во државата каде што се наоѓаат или пак во најблиската држава каде Скопје има дипломатско претставништво.

Целата сторија проследете ја на ТВ 21

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: