fbpx
„Жмурката“ со полицијата продолжува и вечерва (Видео)

„Жмурката“ со полицијата продолжува и вечерва (Видео)

Од кога од почна полицискиот час се изнагледавме интересни видеа како луѓе се кријат, бегаат како стварно да играат една детска игра. Вчера гледавме едно видео каде што пешак слободно си поминува пред полицијава во ниедно време како да е обична вечер, завчера како се кријат по коли за време на полицискиот час за денес имаме аларм за кобра 11 ама буквално :

Граѓаните кои ќе се движат од 21 часот до 6 часот наутро, ќе бидат обвинети за истото кривично дело по член 206 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, како оние што се во изолација, а излегуваат надвор.

Односно, секој кој нема да почитува полициски час, ќе се смета дека шири зараза.

„За ставот 1 од член 206, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари (околу 490.000 евра)“, вели Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во меѓувреме, истражниот затвор во Шутка подготви за почеток 4 ќелии за оние досега казнети граѓани кои излегле од самоизолација, постапиле спротивно на мерките на Владата, за оние кои се спротивставиле или нападнале службени лица (лекари, полицајци, војници, за кои веднаш  во пракса има притвор) и за други кривични дела.



administrator

Related Articles

%d bloggers like this: