fbpx
Студен бран носи снег во Европа, снегот доаѓа и на Балканот – Славчо Попоски

Студен бран носи снег во Европа, снегот доаѓа и на Балканот – Славчо Попоски

Студена експлозија од Арктикот ќе се спушти во северна и во североисточна Европа и ќе услови нови врнежи од снег и бела покривка. Студениот бран во текот на оваа недела полека ќе се спушта и во делови од централна Европа каде исто така се очекува снег и тоа особено на повисоките и планинските места, а особено интензивни снежни врнежи ќе има на Алпите.

Веќе во четврток снегот треба да пристигне и на планинските места од балканскиот полуосторов каде исто така има услови за формирање на потенка снежна покривка додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на големо опаѓање и истите ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

На повеќе места максималните дневни температури ширум регионот ќе се спуштат под 15 степени, понекаде и до околу 10 степени па токму поради тоа ќе се создадат услови за врнежи од снег на планините ширум балканскиот полуостров.

Не се исклучува можноста за мало провејување на снег и на највисоките планински врвови во нашата држава и тоа во четврток ноќта кон петок како и во петок. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер и тоа особено најизразен на север и долж повардарието каде најпрво ќе започне заладувањето и падот на температурите на воздухот. Локално ноќта четврток кон петок и во петок врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Сето ова ќе биде во склоп со изразениот циклон КАРМЕН.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: