fbpx
Балканскиот „крал на тоалетната хартија“ смирува: Не создавајте залихи, има ролни за сите

Балканскиот „крал на тоалетната хартија“ смирува: Не создавајте залихи, има ролни за сите

Кога влегол во бизнисот пред две децении, Петар Чорлука, хрватскиот, но исто така и регионален „крал на тоалетната хартија“, не можеше ни да замисли дека ќе дојде ден кога купувачите во продавниците буквално ќе се тепаат за производите што излегуваат од неговите простории.

Денес Чорлука вработува над илјада луѓе во своите објекти во Хрватска и Босна и Херцеговина и ги извезува своите средства за хигиена во 20 земји.

– Кај нас состојбата е редовна. Тоа значи дека работиме во три смени, како што правевме досега. Нема паника, вонредна состојба или слично поради коронавирусите, вели тој смирено.

Во истиот тон, испраќа порака до клиентите:

– Полиците нормално се полни и празни. Ако во одреден момент нешто снемало, истото пристига во продавниците следниот ден. Има проблеми со логистиката, транспортот, но не и суштински за да се нарушат синџирите на снабдување. Ако ме прашате, купувачите треба да имаат залихи за околу седум дена, ништо повеќе, вели Чорлука.

Во консултација со неговите први соработници, тој сепак одлучи во овој момент извозот да го ограничи само на земјите од регионот.

Сепак, и да дојде до блокада на увозот на суровини, тој вели дека неговите погони во Хрватска и Босна и Херцеговина можат да продолжат со производство без застој и големи проблеми и следниот месец.

– Многу е сигурно, јас сум дури и сигурен дека нема тоа да се случи, но ние сме подготвени за такво радикално сценарио. Ни доаѓа брод од Индонезија, а нашите складишта се поврзани, па ако нешто недостасува во едно, лесно може да се префрли во друго, порача Чорлука.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: