fbpx
(Видео) Попови со света вода го растеруваа коронавирусот во Велес, Кавадарци, Неготино Гевгелија

(Видео) Попови со света вода го растеруваа коронавирусот во Велес, Кавадарци, Неготино Гевгелија

Свештеници качени на камиони, опремени со разглас од кој се пушташе црковна музика претпладнево ги попрскуваа улиците во Велес, Неготино, Кавадарци, Гевгелија.

Овие литии, стои во официјалната објава на Повардаската епархија на фејсбук, се одржале за, како што стои во објавата, престанок на пандемијата од коронавирусот.

“Денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Владиката Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни црквa“, напишаа на официјалната страница на Повардарска епархија МПЦ- ОА.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: