November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

Виц: Французин, Македонец и Американец кај Хитлеp

Хитлер фатил Американец, Французин и Македонец. Најпрвин му се обратил на Американецот:
– Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
– 4!
– Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
– 4!
– Не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
Потоа го прашува Французинот:
– Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
– 6!
– Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
– 6!
– И ти не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
На крај му се обратил и на Македонецот:
– Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
– 9!
– Како 9?
– Си носам! – и извадил едно шишенце со ракија.
– Браво, ми правиш ќеф! Овде имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
– 9!
– Како бе 9?
– И ти ми правиш ќеф!
—————————-

Се фалеле Французин, Англичанец и Цпногорец со своите жени.Англичанецот вели:
– Мојата жена има толку долги нозе, што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал, туку нозете и се долги.
А Французинот:
– Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене пацете ми се големи, туку половината и е тесна.
Црногорецот:
-А мојата жена… Кога тргнувам на работа ќе ја плеснам по задникот, задникот и се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем,туку толку ми трае работното време!

—————————-
Си биле Македонец, Германец и Французин и имале бизнис презентација на апчиња за зголемување на машкиот полов орган. Прв излегол Германецот:

– Ние измисливме апче кое кога мажот ќе се напие, пенисот ќе му се зголеми 5cm.

– Како, во должина или обем?

– Ние со обемот немаме проблем, така што во должина – рекол Германецот.

Публиката ракоплескала воодушевена. Втор излегол Французинот:

– Ние измисливме апче кое кога мажот ќе се напие, пенисот ќе му се зголеми за 10cm.

– Како, во должина или обем – прашала публиката.

– Во должина, и ние со обемот немаме проблем.

Публиката посилно ракоплескала. Последен излегол Македонецот.

– Ние измисливме апче, кое мажот кога ќе се напие пенисот ќе му стане како тиква.

– Како? Во обем или должина? – ракоплескајќи и изненадено викала публиката.

– Ние немаме проблем ни со должината ни со обемот… НА ВКУС!

%d bloggers like this: