July 16, 2019

Булевар

На вистинското место

Виц за ЗАЕB, ОБАМА и Кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета, Обама и Заев заедно отишле директно во пekoлот.
По некое време, Кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала ЃАBOЛOT колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Обама станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, ЃАBOЛOT му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Заев станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку должам?
– Десет денари, рекол ЃАBOЛOT.
– Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Знаеш, кога вртиш од еден пekoл во друг, тоа ти е локал.

%d bloggers like this: