October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

(Видео) Адам Лабунски стана Грк ??

Македонскиот пејач Адам Лабунски, кој е на летување на Тасос, запеа песна од познатиот грчки пејач Никос Вертис во една од таверните на островот. Видеото го објави на социјалните мрежи и доби пофалби ем за пеењето ем за изборот на песната. „Браво, дете, акцентот го погоди соврешено“, стои во коментарите.

За потсетување, Адам изминативе години неколкупати на себе го навлече гневот на јавноста. Пред повеќе од една година тој не сакаше да ги врати парите што ги добил како капар за да пее на матура на момче што почина, а преписката со родителите на починатиот матурант потоа се појави во медиумите. Годинава, тој и неговиот татко, фолк-пејачот Ибро Лабунски, неколкупати се караа со жирито во „Ѕвездите на Гранд“. Ибро за Адам велеше дека е голема ѕвезда, а пред крајот на натпреварувањето неговата менторка Марија Шерифовиќ го дисквалифукува поради караниците што ги предизвикал со другите членови од нејзината група пејачи.

%d bloggers like this: