October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

(ВИДЕО) Градоначалник вpзан за камион го влечеле по улици зошто не исполнил предизбоpни ветувања

Единасет лица се уапсени во Мексико откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес бил врзан за камион и влечен по улиците.

Градоначалникот бил изнесен од неговата канцеларија, па врзан за камион кој го влечел низ улиците затоа што не ги исполнил преизборните ветувања дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот бил нападнат од земјоделци.

Без да претрпи посериозни последици, градоначалникот Ескандон Ернандес многу брзо бил ослободен од локалната полиција.

Ернандес кажал дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.

%d bloggers like this: