November 14, 2019

Булевар

На вистинското место

(Видео) Тежок инцидент и голема трагедија на СПА – 22 годишниот млад возач го загуби животот!

Францускиот пилот во формула 2 серијата, Антоан Хуберт од тимот на „БВЅ Арден“ почина како последица од здобиените повреди по тешката несреќа за време на трката во Формула 2 во СПА, Белгија, соопшти денеска FIA.

Трката на патеката Спа-Франкошамп траеше само два круга. При едно свртување, 22-годишниот француски пилот доживеа несреќа.

Еден болид налета на оштетеното возило со брзина од над 270 км/ч и во страшен судар и двата болида се распаднаа на делови.

По краткотрајната пауза, организаторите решија трката да ја стопираат.

Вториот болид кој налета на оној на Антоан беше на Американецот Хуан Мануел Кореа кој исто така заврши во болница со фрактури на двете нозе, но тој е во стабилна состојба.

Погледнете го трагичниот момент од трката во СПА….

%d bloggers like this: