December 7, 2019

Булевар

На вистинското место

Вонреден кризен штаб на Град Скопје во пресрет на бурата „Андреа“

Во пресрет на бурата „Андреа“ која што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 милиметри на метар квадратен, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

На состанокот беа координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.

Апелираме на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

%d bloggers like this: