fbpx
Среќен викенд хороскоп за 31 август – 1 септември

Среќен викенд хороскоп за 31 август – 1 септември

ОВЕН

Финансиите се сѐ подобри и поради тоа сте среќни и задоволни. Имате голема мотивација и посветени сте на работата. Можно е да имате некои кочници и да не умеете да покажете емоции кон личноста која ви значи. Проблеми поврзани со жолчката.

БИК

Соработката со други земји ви отвори нови можности за успех. Подготвени сте за важни промени. Уживате во флертот и убаво ви е кога добивате многу внимание од припадниците на спротивниот пол. Полни сте со позитивна енергија.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате дека ќе успеете да ги решите проблемите на деловно поле кои ве оптеретуваат. Може да очекувате променлива состојба на љубовно поле. Зголемете го внесувањето витамини.

РАК

Доколку денес склопувате некој договор поврзан со работата може да очекувате дека ќе бидете задоволни на подолги стази. Партнерот ви е многу посветен и вашиот однос во иднина може да напредува. Склони сте кон алергии.

ЛАВ

Ве очекува викенд во кој ќе морате да се посветите на носењето нови деловни одлуки. Можеби вашата недоверба кон саканата личност носи голем немир и вашата врска доаѓа до криза. Проблеми со уринарниот тракт.

ДЕВИЦА

Среќните околности на деловно поле ќе бидат многу значајни и ќе ви помогнат да дојдете до напредување. Можеби имате некои помали проблеми поврзани со партнерот. Имате многу енергија во вас.

ВАГА

Имате многу добри можности на работно поле. Ако ги искористите ќе бидете многу успшни. Посакувате емотивни промени бидејќи моментално имате многу проблеми и се чувствувате несакано. Водете сметка за болките во грбот.

ШКОРПИЈА

Ако сакате да постигнете деловен успех, важно е да се вложите максимално. Можеби ќе одлучите на одредено време да се дистанцирате од личноста која ви се допаѓа. Чувствителен нервен систем.

СТРЕЛЕЦ

Избегнувајте поголеми вложувања и ризични работи. Чувајте ги своите пари и довербата давајте им ја само на одбрани личности. Покажете и на саканата личност дека сте подготвени вашиот однос да напредува. Можеби сакате заеднички живот. Избегнувајте алкохол.

ЈАРЕЦ

Имате поддршка од страна на деловното опкружување и подготвени сте на ова поле да вложите максимум енергија. Подготвени сте да и покажете на личноста која ви се допаѓа дека сакате да бидете со неа во врска. Потребна ви е физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Имате многу обврски пред себе и многу од нив ве ограничуваат. Денешниот ден ќе ви биде прилично напорен. Ако сакате да дојдете до нови познанства, важно е да се потрудите и да бидете подруштвени. Имунитетот ви е ослабнат.

РИБИ

Може да очекувате помал конфликт со луѓето кои ве опкружуваат на работа. Потрудете се да не бидете брзоплети. Се чувствувате осамено и сакате нова љубов, но сѐ уште не се појавила личноста која ви одговара. Чувајте ги бубрезите.

administrator

Related Articles

%d bloggers like this: