August 24, 2019

Булевар

На вистинското место

Зголемена радијација во Крива Паланка не била од протечен реактор

Насловот го направивме малце во сарказам секако дека нема да биде протечен реактор но еве да не правиме паника во јавноста знаеме дека и загадувањето вака го прикриваа со мерните станици.
Во серијата Чернобил има сцена каде што ја мерат радиацијата и покажува 3.6 но таа е поголема, тогаш зошто е 3.6? Уредот максимално што може да прочита е 3.6 па еве една слична ситуација не би знаеле колку е ако мерните станици не мерат правилно, сепак ова е теза која треба да се истражи па еве едно мало објаснување околу тоа :

– Заради технички неправилности во својата работа, две од мерните станици во Крива Паланка и во Берово се во фаза на поправка. Отчитувањата во кои имаше пикови, не се резултат на реално измерената доза на јонизирачко зрачење. После нивната поправка, ќе следи ново соопштение – наведуваат од Институтот.

Гама зрачење или гама зраци е облик на електромагнетно зрачење со најпродорни фотони, односно со најмали бранови должини во електромагнетниот спектар.

Настануваат при интеракциите на субатомските честички како што се анихилација честичките и античестичките и радиоактивното распаѓање, повеќето зрачења потекнуваат од нуклеарните реакции што се одигруваат во меѓуѕвездената средина во вселената.

Радиоактивните материјали можат да емитуваат гама зраци. Тие навлегуваат длабоко во живите ткива и можат да предизвикаат рак. Како и светлината, и гама зраците се составени од фотони, но кај гама зраците овие фотони имаат исклучително голема енергија.

Заштитата од гама зраците бара големи количини на маса. Тие подобро се апсорбирани од материјали со високи атомски броеви и висока густина, иако ефектот на заштита на масата не е толку голем во однос на вкупната маса по единица површина (односно густината) на патеката на гама зраците. Поради оваа причина, масата на оловото е само до некаде подобра (20-30%) како гама заштита од еднаква маса на друг материјал, како што се алуминиумот, бетонот или почвата; најголемата предност на оловото е неговата густина.

На пример, за да се намали интензитетот на гама зраците за 50% неопходно е олово со дебелина од 1 см, гранитни карпи со дебелина од 4,1 см, бетон со дебелина од 6 см или пакувана почва од 9 см. Сепак, масата на бетонот или од почвата е 20-30% поголема од онаа на оловото со истaтa апсорпциона способност.

%d bloggers like this: