October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Златна крвна група – најретка во светот, со неа се родени само 43 лица во светот

Сите знаеме дека постојат четири крвни групи – А, Б, АБ и 0. Крвната група на една личност најмногу зависи од генетиката, но и групата народ на којашто ѝ припаѓа.

najretkata-krvna-grupa-kojashto-ja-imaat-samo-43-lugje-vo-celiot-svet-01.jpg

Поголемиот дел од луѓето имаат Rh позитивна група, а оние со негативна сочинуваат само 15% од населението.

Сепак, покрај овие, постојат и други варијации на крвните групи, а најретката помеѓу нив ја имаат само 43 луѓе ширум целиот свет.

Оваа крвна група е навистина ретка и кога прв пат била откриена во 1961-ва година, лекарите мислеле дека ембрионот со таа крвна група ќе умре во матката.

najretkata-krvna-grupa-kojashto-ja-imaat-samo-43-lugje-vo-celiot-svet-02.jpg

Крвта ја сочинуваат црвените и белите крвни зрнца, тромбоцити и плазма. Секој дел си има своја улога, но црвените крвни зрнца се оние кои ја одредуваат крвната група.

На површината на овие клетки се наоѓаат протеини наречени антигени. Присуството или отсуството на одредени антигени ја одредува крвната група. На пример, оние со крвна група А имаат само А антигени, оние со крвна група Б имаат Б антигени, оние со крвна група АБ ги маат и двете, а оние со 0 немаат ниту еден.

Црвените крвни зрнца имаат уште еден антиген, наречен RhD протеин. Кога крвта го има RhD протеинот, таа е позитивна, а кога го нема таа е негативна. Комбинацијата од А, Б и RhD антигените ги дава 8-те крвни групи.

Повеќе: Црнобело

%d bloggers like this: