Филипче прв ќе се вакцинира за Ковид-19, откри и дали ќе биде ЗАДОЛЖИТЕЛНА вакцината

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе има дуплирана доза вакцина за сезонски грип, има критични категроии граѓани кои мораат да бидат заштитени.

„Се очекуваше дека ќе спласне КОВИД-19 летово, бројот на заразени, но тоа не се случи. Се очекуваше дека ќе ги следи карактеристиките на вирусите од истата група кои се појавуваа и трае краток период и тоа не се случи, рече министерот за здравство, Венко Филипче на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“.

-Вакцината за Ковид-19 кога ќе биде достапна во нашата земја, нема да биде задолжителна барем не на почетокот во зависност од препораките, токму сега гледаме како е кога ќе се случи епидемија, а немаме вакцина со тоа сфаќаме каква вредност има вакцината, се уште се испитува со колку дози ќе се прима, изјави министерот за здравство.

На прашањето дали тој заедно со своето семејство би се факцинирале, Филипче одоговри: „Апсолутно да“.