Потрошила 135.000 долари на операции , пет пати ги зголемила гpадите (ФОТО)

ара Џејн Меконахи од Мелбурн го обиколила светот за естетска хирургија. Ги зголемила градите пет пати, го поправила носот, вградила импланти во задникот, ботокс…

31-годишната медицинска сестра вели дека го обожава својот изглед на пластична кукла, и е задоволна што споделува фотографии со нејзините повеќе од 85.000 следбеници на Инстаграм.

Таа е особено горда на своите дебели усни, за кои вели дека не знае ниту колку вбризгувала во нив. Но, нејзиниот изглед не го сака секој. Иако фановите ја опсипуваат со комплименти и ја нарекуваат гламурозна секс кукла, за други нејзиниот изглед е застрашувачки.

Но, таа не обрнува многу внимание на критиките и веќе најави нови операции. Чека само олеснување на мерките заради пандемијата на коронавирус за да може да патува во странство за поповолни операции.