Георгина ги збудале папараците во Венеција- покажа ли премногу ? (ФОТО)

Гeоргина Родригез беше главната sвезда на 77-от филмски фестивал во Венеција, првиот голем спектакл што се случил од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Атрактивната 26-годишна бринета беше многу внимателна да не им покажува премногу на фоторепортерите додека излегува од автомобилот, но се покажа дека секој чекор на црвениот тепих претставува ризик, а фотографите неуморно демнат.

Георгина и Кристијано Роналдо се запознале додека таа работела како продавачка во продавницата на Гучи, а со текот на годините нејзината популарност се зголеми толку многу што неодамна беше објавено дека за една објава на нејзиниот профил на Инстаграм, каде ја следат 17 милиони луѓе, таа зема 8.000 евра.