Испечатени банкноти од по 100 евра летаа пред ЕВН: Teтовци протестираат против поскапувањето на струјата

Во Тетово вечерва се одржа петтиот по ред протест на граѓанската иницијатива „Доста е“ поради зголемувањето на цената на електричната енергија. 

По повикот на социјалните мрежи неколку илјадната група граѓани се собра на градскиот плоштад во 19 часот по што започна марш по градските улици.

Крајна дестинација беше местото каде се објектите на Корисничко Енерго Центар на електродистрибутивната компанија ЕВН на излезот од Тетово.