Плус сајз манекенка е во врска со малечок музичар : Големината не е важна

Но, манекенката од Брегот на Слоновата Коска, наречена Африканска Ким Кардашијан, и нејзиното момче Сити Пи не се грижат за злобниците и одговараат дека големината не е важна.


Јао го нарече Гранд Пи своето бебе на Фејсбук. Таа објасни дека нејзината врска со музичарот е силна и големината не е важна.

„Среќни сме заедно и тоа е најважното нешто“, напиша неодамна на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 940.000 луѓе. “Ви благодарам на сите за поддршката. Физичката големина не е важна во една врска”, додаде таа.

Еудокси исто така тврди дека го има најголемиот задник на целиот континент, а уникатниот изглед и ја овозможил нејзината слава и богатство. Покрај тоа, таа редовно се појавува во разни африкански емисии.