Позитива на денот: Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста!

Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста, оваа радосна вест со јавноста ја сподели министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

-Таа се лекуваше на хематолошкото одделение на Клиниката за детски болести. Во месецот посветен за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти, Хилал заминува дома. Септември е “златен” месец, а златната лента е симбол за поддршката на децата болни од рак и нивните родители. Златната боја е боја на храброста и упорноста- напиша Филипче.

Филипче упати огромна благодарност до детската клиника за неисцрпната сила што ја даваат во третманот на нашите мали, големи херои!