100-годишна жена: „Жива сум благодарение на вискито и цигарите!“

Британката Дороти Хоув го прослави нејзиниот 100-ти роденден и покрај фактот што цели 84 години непрекинато пуши цигари. Пензионираната секретарка ја запалила нејзината прва цигара кога имала 16 години и оттогаш пуши по 15 цигари дневно.

Самата таа проценува дека во текот на нејзиниот живот испушила околу 460.000 цигари. Според Дороти  тајната за нејзиното добро здравје се крие токму во пушењето цигари и секојдневното консумирање на чаша виски.

„Пијам виски само кога сум надвор, но мојот лекар тврди дека без истото не би била жива. Жива сум и физички активна. Супер! Имав прекрасен живот и Господ ме штитеше. Имав среќа. Постојано велам дека ќе престанам да пушам кога ќе ги зголемат цените, но тоа никогаш нема да се случи.“ – вели Дороти и додава дека вискито има подеднаков добар вкус исто како кога била млада.

Таа инаку нема деца, а нејзиниот сопруг починал од рак во 1993-та година, по 26 години брак. Оттогаш 100-годишната Дороти живее сама во нивната куќа во Солтдин, Источен Сасекс.