Германски магазин од 1970 за туризмот во Југославија: Pај за младите

Хрватскиот портал Индекс.хр објави текст од 1970 година за тоа како Германците пишувале за Југославија и туризмот на овие простори.

Мај 1979: Југославија е рај за млади, но не и за оние кои бараат забранети супстанци!, тврди западногерманскиот месечник за млади „Твин“. Детално опишува колку чинат хотелите, колку храната, колку мора да се потроши за крстарење по Јадранот, а колку ако се сака да се кампува. Посебно се опишуваат камповите и плажите за нудисти.

Во Југославија, пишува „Твен“, го*отијата не е забранета ако се покажува на капалиште или летувалиште кое е одредено за љубителите на нудизмот. Ну*истите не мора да стравуваат од оние кои се наоружани со двоглед или со чамци пристигнуваат во „лов на возбуда“, нив ги бркаат не само ну*истите туку и месната власт – полицијата.