Иван Исцелител организираше хуманитарна помош за пејач од Срумица

Коста Бургов живее на работ на егзистенција, а на неговите молби за помош одговорил Иван Исцелител.

– Не знам веќе каде да се обратам. И пишував и на пратеничката од Струмица, и на комисијата, а некои од нив дури ме блокираа на фејсбук. Последен пат кога бев на комисија, член на комисија само ми рече “имај убав ден”. Потоа ми стигна решение дека сум одбиен, се жали со стегнато грло Коста Бургов. Тој вели дека гладува, дека животот кон него е суров, неговиот живот нема смисла, реалноста за него е безнадежна, дека нема имот, неговите ништо не му оставиле и дека му се следува пензијата од татко му. Или барем некој вид социјална помош. Честопати завршува во болница.

Иван за себе вели дека е Божји човек и дека Бог му подарил дарба да лекува болни луѓе со еден вид биоенергија. За оваа своја способност станал свесен уште кога бил дете, а денес пред неговата лимена барака има редици луѓе кои се надеваат на негова помош.