Connect with us

Инфо +

Преку 60 „тигри” прераспределени да полираат службени возила и да чистат хангар

Десетина припадници на специјалната единица „Тигар“ обвинуваат дека се деградирани од страна на раководството на Министерството за внатрешни работи. Во последните две недели, со усна команда, тие биле распределени во други сектори, а за шестмина се веќе изготвени и писмените решенија.

Иако повеќемина од нив учествувале во голем број специјални задачи со безбедносни ризици, а Министерството дури и вложувало во нив како кадар и ги праќало на обуки во странство, веќе нема да се дел од единицата. Па така, од активна теренска работа, како на пример во настаните од „Диво насеље“, сега очекуваат во хангарите на МВР да ги мијат и одржуваат службените возила.

Други пак стравуваат од можните нови работни задачи – да ги чуваат и негуваат полициските кучиња што откриваат дрога, а неофицијално има и такви што допрва ќе учат како да сликаат за лични карти и пасоши. Без да сакаат да им се открие идентитетот, бившите „тигри”, кои над десет години се дел од специјалната единица, споделија дека се револтирани, бидејќи неколкумина се поставени да дежураат пред дипломатско-конзуларните претставништва во земјава, а во полициските кругови се смета дека „седењето во куќарките“ е казна или последна работна задача пред заминување во пензија.

Револт постои и во Независниот синдикат на полицијата, каде што претседателот на синдикатот, Цветан Станковски, изјави дека веќе ангажирал адвокатски тим, бидејќи, како што вели, нема основа за распределбите, затоа што против ниеден припадник не е покрената дисциплинска постапка.

„Веќе поднесовме жалби, бидејќи нашите колеги се деградирани, ама не знаеме каква завршница ќе има, бидејќи системот е спор и не функционира. Согласно колективниот договор не смее да се прераспределуваат припадниците од специјалните единици. Има и пример каде еден припадник е прераспределен во Центарот за обука и веќе не смее да користи огнено оружје, а поради безбедноста, како лична, така и на семејството, треба да поседува пиштол, затоа што учествувал во ризични акции”, вели Станковски.

Advertisement

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг