Скоро 1 милион Македонци спаѓаат во ризична група вели епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски


Во денешниот дневник на Сител телевизија, гостин беше нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски.

-Ние во популацијата над 18 години имаме 12 проценти дијабетичари, тоа е околу двесте илјади луѓе, имаме околу 25 проценти со хипертензија, тоа се околу четиристотини илјади луѓе. Имаме со астма околу 100 илјади луѓе.

Имаме огромен број на луѓе со зголемена телесна тежина, поточно околу 60 проценти од популацијата над 18 години. И сега што треба да правиме. Дали треба да им речеме на сите овие луѓе да не одат да работат.