За сељачизмот во кафаните и кафулињата: „Гостите се понашаат како никогаш да не оделе на училиште и ги донел штркот“

За сељачизмот во кафаните и кафулињата

Денес во Македонија во кафулињата се поретко ги слушаме зборовите: извинете, ве молам, ако сакате, благодарам.Голем дел од гостите во кафулињата се понашаат како како никогаш да не оделе на училиште и ги донел штркот. Бидејќи културата доаѓа од родителите или од образованието.

Луѓето кои не служат од друата страна секогаш мора да се учтиви и насмеани. А ние гостите кој голем дел од нас можеби без ниеден работен ден и со џепарац од мама и тато се изживуваме со нивната трудољубивост. Можеби затоа што човекот кој не служи за ние да се чувствуваме пријатно не смее да рече напуштете го местото.

Само за споредба, во САД келнерите се добро платени и добиваат големи бакшижи. Доколку некој проба да се однесува како кај нас, да дофрла или да ги понужува обезбедувањето за кратко ќе му ја покаже вратата. Затоа што за сопственикот многу е важно да има безбедни и задоволни вработени, кој ќе создадат среќни клиенти.

Во Македонија, луѓето кои работаат во угостителството се вистински херои. Ако е момче сигурно добива квалификација како изгледа, спор е, ќе му најдеме замерка кај ја нашол таа чаша. Ако е девојка добива непристојни забелешки.

Газдите мора да го засилат обезбедувањето, за на овие со 100 денари од мама и слични на нив често да им ја покажуваат вратата.


Авторски Текст Р.Р.