Девет починати од Ковид за 24 часа, меѓу нив и двајца млади на 23 и 29 години

Девет лица со Ковид починаа во последните 24 часа, меѓу нив и двајца млади на 23 и 29 години. Останатите починати се на возраст од 44 и 52 години, двајца на возраст 60 години, на 62, на 70  и 71 година. Од Министерството за здравство најавија подетални информации 

Нови 98 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1404 тестирања,информира Министерството за здравство.

Новите заболени се во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 6373, активни 540
  • Куманово 1611, активни 195
  • Дебар 268, активни 35
  • Штип 1209, активни 70
  • Прилеп 567, активни 130
  • Тетово 1312, активни 116
  • Струга 630, активни 66
  • Велес 289, активни 17
  • Битола 249, активни 51
  • Охрид 396, активни 56
  • Кавадарци 202, активни 30
  • Гостивар 857, активни 92
  • Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 112, активни 49
  • Крива Паланка 84, активни 36
  • Радовиш 52, активни 9
  • Крушево 18, активни 2
  • Кочани 191, активни 53
  • Пробиштип 97, активни 20
  • Демир Хисар 60, активни 1
  • Македонски Брод 84, активни 7
  • Пехчево 42, активни 23
  • Берово 74, активни 27
  • Валандово 11, активни 3
  • Виница 94, активни 27
  • Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 24, активни 5
  • Свети Николе 309, активни 18
  • Кичево 291, активни 28
  • Ресен 153, активни 6
  • Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253,  Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 5  мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 50
  • Гази Баба – 74
  • Аеродром – 86
  • Карпош – 74
  • Центар – 72
  • Кисела Вода – 54
  • Ѓорче Петров – 26
  • Бутел – 35
  • Шуто Оризари – 13
  • Студеничани – 9
  • Сарај – 15
  • Арачиново – 9
  • Илинден – 8
  • Сопиште – 2
  • Чучер Сандево – 2
  • Петровец – 4
  • Зелениково – 1
  • Странец – 3
  • Нераспределен-3