Connect with us

Инфо +

“Три години го чекам да се разведе, ама нема везе”

Му реков или ќе ме носиш у Требека или готово е меѓу нас. Сите се тагнати у Требека само јас неам отидено ни таму ни во Електра на тераса. Летово рече ќе ме носи и во Хањоти. Ни Хањоти ни Бањско. Шо мисли он јас не можам друг да најдам? Алоо одма сеа да излезам ќе најдам, он треба да е среќен шо е со мене шо сум го погледнала. Три години го чекам да се разведе, нема везе они не спијат заедно ради децата е све башка таа е ненормална му вика ќе се убијам и он за да не се убие она иначе не спијат заедно еве веќе 3 години. У дневна спие он. На одмор беа сеа ради децава, синусите. Ама ништо немало меѓу нив, ми кажа.

Advertisement

Свет

САД на удар на силна зима: Урагански ветрови и масовни снежни врнежи

Соединетите Американски Држави се соочуваат со една од најсилните зимски бури во последните години, која се очекува да ги погоди планинските региони на Калифорнија токму во екот на празничната сезона. Моќниот систем носи екстремни снежни врнежи и силни ветрови, создавајќи сериозни ризици за патувањата, инфраструктурата и снабдувањето со електрична енергија.

Според најавите, во делови од Сиера Невада снежната покривка може да достигне и до 2,5 метри, додека налетите на ветер ќе достигнуваат брзина од 60 до над 150 километри на час. На повисоките надморски височини се очекуваат услови слични на ураган, со целосно непроодни патишта и можни прекини на комуникациите.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за зимска бура за голем дел од централна и источна Калифорнија, вклучувајќи ги националните паркови Јосемити, Секвоја и Кингс Кањон, како и округот Моно. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, особено низ планинските премини и главните патни коридори.

Најсилното влијание од бурата се очекува во периодот од среда до петок, кога милиони Американци патуваат за празниците. Постојат сериозни стравувања од заглавени возачи, блокиран пристап за итни служби и долготрајни прекини на сообраќајот.

Прогнозите покажуваат дека снегот ќе се спушта и на пониски надморски височини, што дополнително го зголемува ризикот за области кои вообичаено не се соочуваат со вакви услови. Стапката на снежни врнежи во најинтензивната фаза може да достигне до 5 сантиметри на час, што ќе го отежни расчистувањето и ќе доведе до брзо затворање на патиштата.

Државните и локалните власти веќе активираа итни планови, со можни затворања на патишта, задолжителна употреба на синџири за возилата и ограничен пристап до националните паркови. Граѓаните се повикуваат да ги следат официјалните известувања и да се подготват за повеќедневни екстремни зимски услови.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија формално останува на европскиот пат, но во практика нема поддршка од ниту една голема сила – ниту од Истокот, ниту од Европската Унија, ниту од Соединетите Американски Држави.

Говорејќи на годишната конференција со претставниците на дипломатско-конзуларната мрежа, Вучиќ оцени дека Србија не го почувствувала очекуваниот напредок во односите со САД, ниту во делот на царините, ниту во врска со санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.

Тој истакна дека кога Србија се соочувала со тешкотии, ниту една од големите сили не застанала отворено зад Белград, туку, како што рече, сите поставувале дополнителни барања и вршеле притисок, без да понудат конкретна поддршка.

Вучиќ потсети и на неусешниот обид за приближување кон новата американска администрација, кога српската делегација не учествуваше на планиран настан во Флорида. Воедно, тој повтори дека Србија не се откажува од ставот дека Косово и Метохија се составен дел од државата и нагласи дека, според него, меѓународните договори што се однесуваат на ова прашање не се почитуваат.

Continue Reading

Свет

Нови барања од Москва за постигнување на мировниот договор

Русија ќе инсистира на клучни измени во најновиот мировен план на САД за завршување на војната во Украина, вклучително и дополнителни ограничувања за украинските вооружени сили, пренесува Блумберг, повикувајќи се на извор близок до Кремљ.

Според истиот извор, документот од 20 точки подготвен од Украина и САД Москва го гледа како почетна основа за разговори, но оценува дека не ги содржи суштинските барања на Русија и остава отворени повеќе клучни прашања. Меѓу нив се гаранции против идно проширување на НАТО кон исток и статус на воена неутралност за Украина, дури и во случај на нејзино членство во Европската Унија.

Русија, исто така, бара ограничувања за повоените украински вооружени сили и типови оружје, јасни гаранции за статусот на рускиот јазик во Украина, како и појаснување околу укинувањето на санкциите и судбината на замрзнатите руски државни средства на Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека и натаму постојат разлики меѓу Киев и Вашингтон, особено околу територијалните прашања и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, но додаде дека разговорите значително напреднале и се ближат кон финализирање на документите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг