„Како мал многу ве телале“, му рече Фуркан на Апасиев овој му врати „Ај бркај работа“

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска повторно покажа недолично однесување за функцијата којајаима, откако на прашање на новинар му одговори со „ај бркај работа“.

Откако Апасиев се обиде да постави контра прашање, новинарот Фуркан Салиу со право реагираше дека тој е тука да одговара на прашања, не да поставува.

– Не може вие мене да ме прашувате, кој мислите дека сте вие? Ќе тепате, ќе убивате, па после…, вели Салиу на што Апасиев му даде краток одговор „Ај, бркај работа…“

Новинарот го праша и „дали го тепале многу како мал па се однесува вака“.

„Само погледнете какви проблеми и колку гнев може да предизвика еден фејсбук статус на лидер на партија кој што неговите психички проблеми ги манифестира јавно…

На Мерсиха и пишувале симпатизери на Апасиев, и ја навредувале, а не поминала полесно ниту сопругата на лидерот на Левица.

Не сакајќи, Апасиев направи одлична споредба помеѓу пукањето со калашников и говорот на омраза… ИСТО Е!

Левица требаше да биде партија различна од сите други политички субјекти, ама докажуваат дека се исти. Ниту еден од членовите не се спротивстави на ваквиот однос на лидерот на партијата, дури и го подржуваат.

Најжално ми беше кога видов која адвокатка го брани Апасиев… Разбирам дека работата на адвокатот е да го брани обвинетиот, ама Павлина Зефиќ на семинари организирани од Хелсиншкиот комитет, како студент ме учеше како треба да се почитуваат различностите.

Од морален аспект не би требало да застане до Апасиев. Но тоа е тоа, ако нешто научив од овие 6 години колку и работам како новинар, е тоа дека моралот, правдата и политиката не идат едно со друго“, реагираше подоцна Салиу.

https://www.facebook.com/FurKlan/posts/1266612420351307