Видео: Прв пациент вратен жив од респиратор – здрав заминува од Жан Митрев Клиникa

По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2. Човекот е лекар за кого имаше апели за помош и лекување. Тој е првиот пациент во Македонија кој успеа да се врати во живот откако беше приклучен на респиратор. Од Жан Митрев Клиник во детали појаснуваат како успеале да го спасат животот на овој пациент:


Пациентот во нашата клиника се лекуваше еден месец а беше дојден во исклучително тешка општа состојба, позитивен на коронавирусот, со температура над 38 степени целзијусови.
Непосредно по приемот пациентот беше поставен на неиванзивен мониторинг каде што можевме да ги следиме виталните параметри на пациентот и беа направени лабораториски, микробилошки и генетски анализи.

Од анализите веднаш забележавме покачени вредности на инфламаторни маркери, леукоцити, ЦРП, прокалцитонин како и покачени вредности на дедимери, ЛДХ и интерлеукин 6.
Применувајќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на пациенти позитивни на Covid 19 дел од третманот на тешко болни пациенти го засноваме на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоапсорпцијата на цитокини и други восплителни медијатори.