“Со ваков хаос во образованието новите генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија…”

Артан, не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија…

Тотално сме на дното!
После здравствениот систем, ни колабира и образовниот…

Република Македонија е последна држава која ќе го започне својот образовен циклус и училишна година…

Погледнете ги датумите кога веќе започна училишната година во земјите од регионот:

  • Хрватска 07.09.2020 година;
  • Србија 01.09.2020 година;
  • Бугарија 15.09.2020 година;
  • Косово 14.09.2020 година;
  • Албанија 14.09.2020 година;
  • Грција 07.09.2020 година (порано од вообичаено за да се надополни изгубеното);
  • Босна и Херцеговина 01.09./07.09.2020 година;
  • Словенија 01.09.2020 година;
  • Турција 31.08.2020 година (три недели порано од вообичаено);
  • Романија 14.09.2020 година.

Што треба да се превземе:

  1. Одговорност на сите од Министерството за образование и образовните институции што не превземале мерки за навремено започнување на училишната година;
  2. Да му се предложи на Премиерот Зоран Заев, кога веќе министерот нема никакво познавање и искуство од образовниот систем, барем заменик министерот што ќе го предложи да има стручно искуство и познавање од областа на образованието;
  3. Итна собраниска седница со една точка на дневен ред: Состојбите во образованието, причините зошто не започна училишната година и предлог мерки за средување на хаосот во образованието;
  4. Формирање на национална координативно тело (борд) за образование, составено од сите универзитети, синдикати и организации од областа на образованието, со поддршка на сите парламентарни партии, за превземање на сите неопходни мерки за средување на хаосот во образованието;
  5. Одговорност за катастрофално ниското ниво на искористеност на средствата за капитални инвестиции од Буџетот оваа година (околу 35%) до сега, но и сите минати години;
  6. Набавка на компјутер за секое дете (барем за оние од сиромашни и социјално загрозени семејства) и брза припрема на платформи за онлајн настава;
  7. Посебна програма за одвивање на нормална настава на високо-образовните институции;
  8. Посебна програма за целосно интегрирање на учениците и студентите кои имаат статус на лица со посебни потреби.

Власта е неспособна, опозицијата мора да покаже иницијатива, се работи за иднината на децата и државата!