“Убавината ќе згасне со времето, но срцето и душата секогаш ќе бидат исти”

Маж се оженил со убава девојка. Многу ја сакал. Еден ден ѝ се појавила ретка кожна болест и таа полека почнала да ја губи убавината. Само што се случило ова, нејзиниот сопруг заминал на турнеја. По враќањето, кога ја погледнал го изгубил видот. Сепак, нивниот брачен живот продолжил како и обично. Како што поминувале деновите, таа ја губела убавината, ама слепиот сопруг не го знаел тоа и немало разлика во нивниот заеднички живот. Тој продолжил да ја сака.
Еден ден таа починала. По погребот, го прашале тажниот сопруг како сега ќе се движи сам кога повеќе не е неговата сопруга на овој свет да го придржува и да му помага?
Тој одговорил: „Не сум слеп. Глумев затоа што ако знаеше дека можам да ја гледам ќе беше уште потешко за неа. Не ја сакав само поради нејзината убавина, се заљубив во нејзината грижлива и сакана природа. Затоа се преправав дека сум слеп. Само сакав таа да биде среќна”.
Наравоучение: Кога вистински сакате некого, одите до крај за да го задржите вашиот сакан среќен. Понекогаш е добро за нас да се правиме слепи и да ги игнорираме работите.Убавината ќе згасне со времето, но срцето и душата секогаш ќе бидат исти.Сакајте ја личноста поради она што е внатре, а не поради надворешната убавина.

Ако го читате ова до крај, споделете ја во некоја група оваа прекрасна приказна ❤