(ВИДЕО) ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Дојава за бомба, но полицијата пронашла вага

Вистинска драма се случуваше попладнево во Скопје. 

Полицијата  попладнево добила повик преку кој е дојавено дека на булеварот Партизански одреди има бомба.

Сообраќајот низ центарот на градот е отежнат, а забележливо е и зголемено полициско присуство.

Улицата била блокирана, а полицијата излегла на терен, при што е пронајдена вага за мерење која се користи за на пазар.