Познатиот лекар Лазаров: „Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА“

Матичниот лекар, Ненад Лазаров во статус на Фејсбук ги критикува своите колеги кои одат и се сликаат во кафана во овие времиња, а следниот ден наутро прегледуваат пациенти.

-Ај народов, ама колеги/колешки неизживеани, у кафана секоја вечер, друштва по свирки, НЕ ВИ ДОЛИКУВА. И има да ве ставам на ѕид на срамот од сега па лутете се, ако можам да седам ја дома, може секој од вас!